ООУ „Орце Николов“ го одбележа својот патрон – празник. „Нашето училиште се стреми кон својата цел, за сеопфатно знаење и современо образование, што се трудиме да им го овозможиме на нашите ученици, со искрена надеж дека ќе им помогнеме да се изградат во силни личности за иднината што ги очекува.“ – изјави директорот на училиштето, Дончо Ангелов.
Во пријатна атмосфера, присутните ја гледаа изведбата на познатата комедија „Ленче Кумановче“ или „Бегалка“ на Васил Иљоски, подготвена од учениците под менторство на проф. Елена Илиева. Младите актери го задржаа вниманието на публиката, а крајот го збогати хорот и оркестарот од централното и подрачното училиште од с. Калуѓерица под менторство на професорот Тодор Стефанов, кои ја изведоа песната „Твоите очи Лено“.