• Sat. Nov 23rd, 2024

Со подводен дрон се трага по Мартин на Халкидики

Спасувачката акција по младиот скопјанец кој уште во саботата исчезна во морето во Посеиди на Халкидики продожува неуморно од страна на грчките волонтери и крајбрежната стража. Медиумите во соседна Грција јавуваат дека и подводен дрон е вклучен за да се лоцира момчето, за кое како што се наведува, не знаел добро да плива.

Потрагите, како што наведува in.gr засега остануваат без резултати и продолжуваат во тешки услови, бидејќи во моментов дуваат ветрови од пет бофори, соопштуваат од крајбрежната стража, додавајќи дека во операцијата е вклучен пловен објект на крајбрежната стража и два параедриличари, а претходно трагал и хеликоптер.

Подводниот дрон е на располагање на волонтерскиот спасувачки тим OFKATH и, како што изјави за АПЕ-МПЕ шефот на тимот, Христос Рамос, ќе биде ставен во функција веднаш штом ќе се намали интензитетот на ветровите, додека камерата обезбедува слика на длабочина од 100 метри и фронтална должина од 30 метри.

Оперативниот менаџер на Грчкиот спасувачки тим, Алексис Лиамос, за АПЕ-МПЕ зборуваше за тешкотиите на операцијата, објаснувајќи дека силните морски струи во комбинација со посебните метеоролошки услови многу го отежнуваат полето на потрагата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *