• Fri. Nov 22nd, 2024

Со паметно греење против климатски промени

Со попаметното греење можеме да ги ублажиме климатските промени, велат познавачите на состојбите кои денеска учествуваа на средбата на тема „Можности за попаметно греење“, во рамките на Националната конференција за клима. Свој придонес во дискусијата претставници на повеќе граѓански здруженија, научници, претставници на институциит. Невена Смилевска од „Еко-свест“ истакна дека станува збор за горливо прашање и дека „Еко-свест“ се труди да има конструктивен пристап во решавањето на проблемите.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски упати апел до институциите, но и до граѓаните заедно да се вклучат во можностите за алтернативни решенија. Тој истакна дека е треба да се подобри состојбата со загадувањето на воздухот поради загревање домовите на некои локации во земјава.

-Ги охрабрувам сите општини и граѓани кои имаат идеи и проекти кои се во фокус на загревање на домовите во принципот старо за ново паметно да ги искористат, општините во своите идни програми и заложби да им биде приоритет, а граѓаните што повеќе да аплицираат за можностите кои се нудат, порача Милевски и додаде дека минатата недела е донесена 10-годишната Стратегија за регионален развој 2021-2031 година во која особено внимание е посветено на обезбедување кохерентност на целите, приоритетите и мерките со начелата и приоритетите на „Европскиот Зелен Договор“ и на Зелената Агенда за Западен Балкан. 

Александар Мацура, основач на РЕС фондацијата, која анализира и дистрибуира знаење за создавање политики во енергијата и климатските промени базирани на научни факти и главно дејствува во Србија, Западен Балкан и Југоисточна Европа, ја нарече Македонија лидер во регионот за зелената агенда.

-До крајот на годината сакаме да спроделиме повеќе информации за замена на греењето и да помогнеме во намалувањето на воздухот што е регионален проблем. Според нашите проценки, околу 3 милиони уреди користат тврд извор за греење во регионот. Мора да размислуваме за тоа кои се можностите за замена. Македонија е една од водечките земји за одредени промени. Ние исто така анализираме и што е тоа што ги плаши луѓето за промена, која е нивната перцепција. Мора да обезбедиме повеќе средства за замена на грејните тела и фокус да се стави на енергетски сиромашното население – рече Мацура.

Давор Пехчевскиод „Еко-свест“ се осврна на големиот проблем од загадувањето на амбиенталниот воздух и на воздухот во домаќинствата. Фосилни горива, дрва (влажно дрво, стари печки), дрвени производи (пластифицирана иверка, медијапан, паркет и други лакирани дрва, итн.), високо-калорични отпадоци (пластика, гума, тетрапак, итн.) – ова се директни загадувачи на воздухот, посочи тој.

-Преку 90% од домаќинствата немаат топлинска изолација на фасадите и покривите. Загревањето со дрва преовладува во 30% од урбаните региони и 85% од руралните региони. Повеќето од овие домаќинства користат стари печки и други уреди што не само што се неефикасни, туку и се високо загадувачки. Домаќинства со приходи пониски од 9.000 денари загреваат само 25-33% од нивните домови. Преку 76% од домаќинствата што се загреваат со дрва, загреваат помалку од 50% од нивните домови – издвои Пехчевски и истакна дека кај нас нема никакви мерења и податоци на државно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *