• Sun. Nov 24th, 2024

Со новиот закон за вино ќе се олеснува пласманот на европските пазари

SSUCv3H4sIAAAAAAAEAJ1VXW/TMBR9R+I/WHnuULMO6HhjhaFJhU0MqQ/TLDmxl5o6vsUfK9XU/8510rR2UnjgJYnP9bm+PvfYeXn9ipCsYFaW2QfyEkY4lkp56wxzEjTC49EeF1w6MJKpAAZs10Qy65jzVtgoBRdrsNKtl+Ag4HmXgxvBautkLQIaJSmZExVmT9J0lT20Y9IFmiAyMJRdA3DCNCefjNSrbBTNsL4IM9pAh+9G/0h2dop/pLYfj91mWCV0uT3Wi9ATblhJFteMaD4+H1++wWf+LjzPJ4eUj+3HLlLCCCVYK+dDu1S22jhh6liZjdQiXiRbIECuwDklaPvKetVWilmbcBphpK7IlxCiMwPlSphtn1i06WLmfqEZaMdwYTOgsHJVGfCap7QDbGmfAiqde6t4yI+eCzbsTd5g09PtBxecka/oouBQ2n0MiFjtUIhFh9JUkj7bCPS6N0y7hP79ANPUjeQzBgol7bIWyOllC6FU1h8BodfeaOm8GXSQN0YedLBZ1B5XHZStoQC+TYjfgNwJWONqNzXauM9Q8peXqcLzBqJ3yy2eSabIvTO+PFVlobDLadsDQmagwNDmOagw9FPo/+ooUyUsQSXcjy1G45Mfqbjtabj9u9GU/+178+cNNPAvFyUc7swo+wHGHWjcDhfktvgpyoEdCiOrZWqsqwaic19LHe7TwdGUOogCJmHdaA6oMb0XzqGVTx2B3pYWDUTvsE+CwBNZgBnIhj+EViKWaj3zKrjgeKCjq+xZcgHh1tqPmecSolvsGdBJ4ShOItLayDKUfaSBWwoTjUv8PUEdARpcc19m7fWdcfRKGOaTPL/Ix3l+OZ1eTN6+n+ZY5O4PGXaR8/YGAAA=

Се подготвува нов закон за вино кој ќе ги застапува интересите на винопроизводителите и ќе овозможи полесен пласман на македонсото вино на странските пазари. Нацрт верзијата веќе е објавена на националниот регистар ЕНЕР.

Како што се посочува во извештајот за проценката на регулативата, постоечкиот Закон за вино кој е на сила не е во целост усогласена со одредбите од Регулативите на ЕУ од областа кои се однесуваат на заштита на географскиот назив и потеклото на вината, органското вино, како и ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел.

–  Имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Северна Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на вино и производи од вино, се пристапи кон донесување на нов Закон за вино.  Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со новите правила на ЕУ во областа, воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вински производи). Покрај тоа, делот на законот кој се однесува на класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив претрпи сериозни измени со цел да се усогласи со регулативите на ЕУ, а виното со потекло од Македонија да биде заштитено на пазарите на ЕУ. Предложените решенија имаат за цел да се зголеми и олесни извозот на вино и производи од вино на пазарот на ЕУ, како најголем извозен пазар за македонско вино – се наведува во извештајот.

Во нацрт законот има посебни одредби за процесот на откуп на виното, односно за неговата исплата, каде е наведено дека откупувачот на производителот на грозје може износот за откупеното винско грозје да му го исплати во целост во рок од седум дена од денот на приемот, односно исплатата на износот за откупеното винско грозје може да ја изврши на три рати од кои првата рата во висина од најмалку 20 отсто најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40 проценти најдоцна до 15 февруари следната година од годината кога е извршен откупот и третата рата најдоцна до 30 април следната година од годината кога е извршен откупот.

Министерството најдоцна до 15 јули во тековната година ќе ја утврдува производна цена по килограм произведено винско грозје во тековната година. Цената на винското грозје за производство на вино се утврдува и се исплаќа врз основа на шеќерни единици.

– Доколку производителот се сомнева во резултатите од мерењето на шеќерните единици од страна на трговците и производителите на вино во моментот на откупот, производителот има право на проверка. Проверката ја врши овластена лабораторија. Трошоците за проверката се на товар на производителот на грозје. Во случај на разлика во резултатите од мерењата на шеќерните единици, цената се пресметува по шеќерните единици утврдени од овластената лабораторија – пишува во Законот.

Со новиот закон има посебна одредба за Заштита на ознака за потекло и заштитена географка ознака и традиционален назив, при што е посочено оти „географските индикации на виното на национално и меѓународно ниво се заштитуваат со заштитена ознака за потекло (ЗОП) или заштитена географска ознака (ЗГО). Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *