Со намален број учесници поради недостаток на финансии ќе се реалзиира 59 Меѓународна струмичка ликовна колонија. Најстарата во континуитет ликовна колонија во Македонија и една од најстарите на Балканот, годинава ќе функционира со намалени средства од министерството за култура, но, ситуацијата ја спасила општина Струмица која дала речиси двојно повеќе пари од претходните години.
Годинава колонијата ќе биде домаќин на 15 уметници од земјава и Европа. Освен ликовната веќе триесетина години функционира и мозаичката работилница, што е посебна гордост на Струмичката колонија.
Во овие шест децении колонијата била домаќин на некои од најзначајните домашни и светски сликарски имиња. Овде сликале преку 1.200 уметници од сите континетни, а создадени се околу 3 илјади уметнички дела кои се чуваат во депото на Галеријата во Струмица.