Со голем број на вљубеници на јогата, медитација музика и различни техники, денес беше одбележана недела на јогата и во Струмица.
Придобивките од јогата се големи и не познава возрасни граници, вели Илија Даов престедател на здружението „Сурија“,кој воедно е и организатор на овој настан.
За прв пат на прославата беа поканети и гости од Индија и Италија.
Даов вели дека интересот за јога во Струмица е се поголем и дека од следниот месец ќе работи повеќе со деца од школска возраст.