Македонските шлагери утре ќе прозвучат од малиот градски парк. Со овој музички настан и официјално ќе започне годинешното издание на Струмица опен фестивал. Станува збор за тринеделна програма којашто според организаторите ќе понуди настани за сите вкусови и генерации.
1 недела
Култура и забава со звуците на безвремените македонски шлагери Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме, со филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди – македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Р.Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија.
И во ритамот на традицијата – Концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура.
2 недела
Спортуваме со Balans Bike, Вело тура, се натпреваруваме во шах, board games, Street basket , вежбаме во парк со Лени и се рекреираме по ноќните патеки до Цареви Кули.
3 недела
Летна школа за гитара под менторство на Васко Пиличев
AIR STRINGS, Мак фест ѕвездите низ времето , струмичките YU FOR YOU, Игор Џамбазов и Гуру харе, концерт во спомен на најголемата музичка ѕвезда Гоце Арнаудов . Коста Хаџикојчев Влатко Лозаноски.