На Мокринските извори, Ново Село го чествува празникот Илинден. Општината заедно со здруженијата „Иван Василевски“ и „Кво Вадис Ад Астра“ организираат книжевно-уметнички настан за да се одбележи најсветлиот и најсветиот македонски празник.
„Илинден” е нашето најголемо македонско духовно извишување, кон кое постојано се стремиме и за кое со гордост говориме, раскажуваме, пееме, твориме…Преку збор, стих, игра, музика и сликарски инспирации, простум ќе застанеме пред ликот и делото на нашите предци, оние кои го сонуваа и создадоа ,,Илинден”, стожерот на македонската опстојба.
Илинден е љубов, гордост, сон и јаве. Илинден е секој од нас!“ се вели во описот на настанот што ќе се одржи денеска со почеток од 12.00 часот.