• Thu. Nov 21st, 2024

Со кампања ќе се одбележи Денот на лицата со Даун синдром

Од денеска, преку видео пораки ќе се истакнува важноста од инклузија и прифаќање на лицата со Даунов синдром. Ова е замислата на кампањата што од денеска ја почнува здружението на граѓани „Цера“ од Струмица.

“Оваа година на симболичен начин, инспирирани од говорот на професорката Катерина Панов Кожаров на модната ревија „Убави сме, свои сме“ на лицата со попреченост, одржана на 3 декември 2022 година и нејзината јасна порака „Сите ние сме различни, и токму во тоа е убавината на овој свет“, кампањата ја именуваме како „Различно исти“.

Ќе го одбележиме Денот на лицата со Даун синдром 21 март 2023 година.

Неколку познати личности од јавниот живот ќе се вклучат во нашата кампања „Различно исти“ и ќе ја дадат својата поддршка.

Само доколку сме свесни дека овие лица постојат и се меѓу нас, ќе успееме да им помогнеме да бидат еднакви и рамноправни членови на ова општество” велат од здружението.

Еве ја изјавата на Анче Туфекчиева за канал ВИС

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *