• Fri. Nov 22nd, 2024

Со грант од ЕУ од 750 илјади евра Струмица ќе стане паметен вело град

Со средства од ЕУ во висина од 750 илјади евра, во Струмица ќе се гради велосипедска инфраструктура односно патеки во должина од околу 13 километри.

Ова година треба да започнат работите на терен а ќе бидат опфатени булеварските решенија. Градоначалникот Костадинов со овој проект очекува менување на навиките кај струмичани за поголемо користење на велосипедот како превозно средство а не само за рекреативни цели .

Проектот Струмица паметен вело град ќе се реализира во наредните три години а во истиот ќе бидат вклучени повеќе граѓански здруженија и велосипедски клубови. Целата намера е системски да се реши проблемот и да се подигне свеста кај струмичани за алтернативни решенија за превоз.

Во рамките на проектот ќе бидат набавени и 150 смарт велосипеди за што во градот ќе има и неколку пункта за користење на истите Во Струмица пред неполна деценија беа обележани патеки за велосипедисти кои беа на тротоарите.Но заради узурпација од пешаци или паркирани возила тие речиси и не се користат. Со проектот Струмица паметен вело град се очекува современите влеосипедски патеки да бидат по петте булевари во градот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *