• Fri. Nov 22nd, 2024

Со 4 илјади евра Гевгелија ќе ја крева свеста за семејното и родово-базираното насилство

Со 150 илјади денари од сопствениот буџет и околу 100 илјади денари обезбедени од донации, или околу 4 илјади евра, Гевгелија ќе работи на проблемот со семејното и родово-базираното насилство. Тоа е сумата со која располага општината за 2023 година. Од Општината велат дека преку програмата за активностите во областа на еднаквите можности на жените и мажите ќе се фокусира на реализирање активности за:
– заштита од насилство врз жените и семејното насилство,
– воведување во пракса процес на родово-одговорни политики и програми и
– јакнење на капацитетите на општинската администрација за воведување родово-одговорно буџетирање во ЕЛС.

Целите кои се предвидени во Програмата се:
– зајакнување на свеста кај жените за препознавање насилство врз жените и семејно насилство, како и различните форми насилство врз жените и семејното насилство,
– унапредување на соработката помеѓу надлежните институции при постапување во случаи на насилство врз жените и семејното насилство,
– утврдување проблеми/потреби и приоритети за подготовка на родово-одговорни програми и методологија за креирање родово-одговорни политики и програми и
– јакнење на капацитетите на општинската администрација и членовите на КЕМ за родово- одговорно буџетирање,
a ќе се постигнат преку снимање краток филм со информативно-едукативна содржина, изработка на мурал на зграда, формирање мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, работилници и онлајн или теренски анкетен прашалник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *