• Fri. Nov 22nd, 2024

Словачка ја одобри вакцината „Спутник“

Словачка ја одобри вакцината „Спутник“. Со тоа стана втора земја на ЕУ којашто ја одобри оваа вакцина.

Словачка денеска ја одобри употребата на руската вакцина „Спутник в“ против коронавирусот и со тоа стана втора членка на ЕУ, по Унгарија, што го стори тоа иако Европската агенција за лекови (ЕМА) не издаде одобрение за вакцината.

Словачката влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, вакцината да биде достапна до 7 јуни, пренесува АП.

Првиот контингент вакцини „Спутник в“ пристигна во Словачка на 1 март, но нивната употреба досега не беше одобрена.

Договорот за набавка на два милиони дози „Спутник в“, склучен од тогашниот премиер Игор Матовиќ, предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *