• Sat. Nov 23rd, 2024

Скулптурата „Атлас“ на Никола Пијанманов поставена во Босилово

Скулптурата „Атлас“ висока четири метри од вечерва ќе го краси Босилово. Претставата на човек кој е распнат од круг полн празнини е дело на уметникот Никола Пијанманов, кој во веќе препознатлив манир изработува скулптури од рециклирано железо. Како што вообичаено прави, и овојпат скулптурата носи своја порака, тера на размислување, самоиспрашување.

За ова дело Пијанманов вели: „Атлас“ е алегорична претстава за човекот кој го носи товарот на светот. Посветена е на оние кои се борат со тежината на празнината.“

Освен во Босилово, склптура на Пијанманов има и во село Колешино.

„Атлас“ е изработена во рамки на Културно лето Босилово, летна културно-забавна манифестација што од оваа година се организира во оваа општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *