Скопје успеа да направи изненадување во Првата фудбалска лига на Македонија со победата (1:2) над Академија Пандев на гости, со пресврт во второто полувреме. Гостите славеа со головите на Леонид Игњатов во 63. и во 79.минута, откако Осман Маронг во петтата минута донесе предност за „пандевци“.
Шкендија ремизираше без голови во Тетово против Борец. Фудбалерите на Бруно Акраповиќ не реализираа многу шанси и самите се виновни за ова реми.
Шкупи со 1:0 го победи Тиквеш. На крајот на првиот дел беше досуден пенал за гостите, но по бурните реакции на домашните фудбалери, сепак, одлуката беше повлечена. Во 49.минута, Марјан Радески постигна гол за победа на Шкупи.
Македонија ЃП со 2:0 го победи Пелистер. Сефер Емини двапати стрелаше од пенал.