Струмичката градежна компанија Жикол го доби тендерот за изградба на социјалната населба над градот Струмица, за кој проект општината во изминатиот период распиша јавна набавка. Станува збор за реализација на првата фаза од проектот ,,Изградба на стамбена населба со објекти со намена домување за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица воп вредност од милион и 506 илјади евра.
Според планот на околу 3,3 хектари површина над градот Струмица треба да никне социјална населба а според техничката специвикација на распишната јавна набвка треба да се изведе сообраќајна инфраструктура, потпорна конструкција, улично осветлување , фекална и атмосферска канализација. Според проекциите на тој предел треба да се подигаат стотина типски куќи во кои ќе се сместат домакинствата кои живеат кај транзитниот пат односно Климент Охридски и социјално загрозени семејства.
За добивање на ова јавна набавка во игра беа седум градежни компании од Струмица,Тетово, Скопје .