Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки за заштита од индискиот сој на коронавирусот.
Како што соопштија од Комисијата, во земјата ситуацијата со епидемијата е под контрола и нема потреба од препорака за нови мерки за заштита на граничните премини и воведување задолжителен ПЦР тест за влез во земјата.
Според експертите, додека е лето и повеќето од граѓаните се на отворено, нема потреба од дополнителни мерки.