• Fri. Nov 22nd, 2024

Сите училишта во Струмица склучија договори со ЕСМ за снабдување со електрична енергија

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, оваа цена е преполовна за училиштата, но во однос на анализите и споредбите сепак треба да помине време.

-Уште не е поминат првиот месец за да ја видиме и првата фактура, но убеден сум дека ќе имаме големи генерирани заштеди, но за подетални информации ќе мора да ги добиеме фактурите, да седнеме со директорите и да ги видиме резултатите од мерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *