Два жени од две различни културни и социјални средини и една голема празнотија. Токму околу нив се гради дејството во психолошкиот роман на поетесата и писателка Наташа Сарџоска, Трамонтана, што синоќа имаше своја промоција во новоотворената струмичка ликовна градска галерија. Сарџоска вели дека романот доаѓа по пет поетски книги и бил идеја која долго време била затворена не само во неа, туку и во фолдерите на компјутерот.
За Сарџоска романот бил можност со јазикот а уметноста да проговори за многу болни теми од нашето секојдневие. Таа вешто ги разбива илузиите за совршениот живот на богатите Европјани, за корупцијата и клиентелизмнот коишто не се екслузивни само во сиромашни земји како Македонија.
Сарџоска е автор, книжевник, преведувач, анторполог. Трамонтана е нејзино прво објавено прозно дело.