• Fri. Nov 22nd, 2024

Фатен криумчар на мигранти кај село Богородица

Синоќа е фатен криумчар на мигранти кај село Богородица. МВР информира дека синоќа околу 20 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје.

При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *