Синоќа 11 мигранти фатени во обид за нелегален премин кај Гевгелија. Според информациите од кризниот штаб на подрачјето на Гевгелија откриени се 11 лица мигранти од кои 9 од Пакистан и две лица мигранти од Авганистан и сите се пренесени во Транзитниот центар Винојуг за понатамошна постапка.
Ова се информациите коишто пристигнаа за пријавите на илегални миграции за време на новогодишната ноќ. Последниот период се забележуваат голем број миграции на македонско-грчката граница. Евидентен е бројот на мигранти од Куба коишто преку Грција и Македонија се обидуваат да дојдат во Западна Европа.