• Fri. Nov 22nd, 2024

Синхронизиран пристап за решавање на предизвиците со родово заснованото и семејното насилство

Борбата против родово заснованото и семејното насилство треба да се решава со заеднички пристап на институциите, граѓанските организации и поддршка на целото општество. Ваков е ставот на граѓанските организации коишто делуваат во оваа сфера. Токму ова беше темата и на пандел дискусијата на која претставници од граѓански организации и институции ги споделуваа своите искуства во работата со семејното и родово заснованото насилство.

Панел дискусијата беше дел од активностите 16 денови активизам против родово засновано насилство.

На панел дискусијата учествуваше и градоначалникот Костадинов кој рече дека општината ќе продолжи да ги поддржува социјалните програми а ќе работи и на нивно проширување со цел жртвите да имаат континуирана и стабилна поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *