• Wed. Nov 27th, 2024

Синдикалната кошницa за една година порасна 5.500 денари

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека за само една година вредноста на потрошувачката кошница пораснала за 5.498 денари. Растот во јуни 2022 во однос на јуни 2021 изнесува 16 отсто.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,6% во однос на предхониот месец мај 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 21,2%.

Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 39 710,00 ден. и од јануари 2022г ( 35 811.00 ден) е зголемена за 3 399,00 денари односно 9,49 %.

„Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец.

Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците“, објави ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *