• Sat. Nov 23rd, 2024

Симулациската вежба за размена на информации во реално време

Предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и пошироко во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал од година на година стануваат сѐ покомплексни и налагаат продлабочување на меѓународната полициска соработка во делот на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи инволвирани во разни видови криминал, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“, организирана со координација на Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој пред учесниците од земјите од Западен Балкан, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, високите претставници на делегацијата на МВР на Република Чешка и претставници на проектот ИПА 2019 за борба против сериозниот криминал во Западен Балкан истакна дека оваа симулациска вежба е исклучително успешна и корисна.

Во склоп на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“ присутните ја проследија и симулираната полициска операција на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, која ја заокружи вежбата и ги ефектуира резултатите од неа, а во која полициските службеници се справуваат со терористи што напаѓаат објект на критична инфраструктура употребувајќи нелегално оружје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *