Струмичани силувале и снимале малолетничка. Двајца струмичани се сомничат дека силувале малолетна девојка и притоа снимале. Полицијата излезе со извештај: СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од с.Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ и ,,производство и дистрибуција на детска порнографија’’. В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.
Во истиот извештај се вели дека на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 48 прекршоци, од кои осум по акциската контрола и 40 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.М.(46) од с.Сарај, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, пиротехнички средства и распрскувачки материи“. На 25.12.2020 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило ,,форд транзит“, сопственост на Ј.М., при што пронашле и одзеле разновидни пиротехнички средства.