• Fri. Nov 22nd, 2024

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија.

„Нашиот заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се договоривме да ги комбинираме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и во однос на опремата“ вели Сијарто.

На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.

Сијарто изјави дека е неопходно да се прекинат воените активности и да се седне на преговарачка маса, но дека повеќето европски земји ги нагласуваат санкциите против Русија наместо да промовираат мировни преговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *