• Fri. Nov 22nd, 2024

Сијарто: Незапочнувањето на преговорите со Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ

Изостанувањето на започнување на преговорите со Севера Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ, бидејќи земјата направи се што е неопходно за да го отвори преговарачкиот процес, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Ние бевме незадоволни и фрустрирани од заклучоците во Брисел во врска со проширувањето и сите тие одлуки ги сметаме за многу неправедни. Ако сакавме да бидеме чесни ќе требаше да кажеме уште во оваа година Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите. Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што ги сметаат како пречка да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнувањето на преговорите, подвлече Сијарто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *