Денеска штрајкуваат струмичките училишта. Според информациите до кои дојде канал ВИС наставата не се одвива во основните и средните училишта. А голем дел од учениците ниту дошле на настава утрово.
Штрајкот на просветните работници е заради нивното барање за зголемување на платите, со оглед дека се зголеми и висината на минималната плата.