Што сакате да се финансира од општинскиот буџет во 2023? Ако имате предлог кој сакате да влезе во буџетската програма за следната година, сега е време да го кажете. И оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните.
Синоќа почнаа да се одржуваат Јавни собири во градот и населените места. Со Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумте урбани заедници во градот. на собирот присуствуваа градоначалникот Костадинов, членови на Советот и претставници на јавните претпријатија и општинската администрација.
На собирот се разговараше за сработеното во оваа година, актуелните проблеми и се утврдуваа приоритетните проекти за новата буџетска година.
По 2 дена Јавните собири продолжуваат во населените места.