Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нарече неприфатлива смртта на цивили во градот Буча.
Говорејќи за Си-Ен-Ен, тој рече дека овие смртни случаи се бруталност врз цивили, каква што не сме виделе во Европа со децении и дека тоа „ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“.
Претходно вчера, украинската војска ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Новинарите и војската затекнале лешеви по улиците, од кои дел биле со заврзани раце зад грб. Властите соопштија дека во масовна гробница во Буча биле закопани 57 луѓе.