• Sat. Nov 23rd, 2024

Семејно насилство во Гостивар

Обвинителството бара притвор за 43-годишен гостиварец поради семејно насилство.

Синоќа околу 22:30 часот, во домот во кој живеел со сопругата и ќерката, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди. Тој барал пари, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени, се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди. Нападот го спречил нивен роднина.

Осомничениот неколкупати праќал и пораки на мобилниот телефон на ќерка си со закани дека ќе ја обеси и ќе ги заколи неа и нејзината мајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *