Во одделни региони во Македонија сеуште нема Шелтер центар за згрижување на жртви од семејно насилство. Со оглед дека бројките на семејно и родово бозирано насилство растат во своите заедници, преставници на граѓански организации имаат намера да го реплицираат моделот на Центарот од Струмица отворен од граѓанска организација во соработка со повеќе институции.
Драгана Костевска од Здружението за поддршка за ранливи групи граѓани Охрид смета дека освен на кривично правната областа, треба поголем акцент да се стави на отворање засолниште, згрижување и јакнење на жртвите од семејно насилство во земјава
Во Струмица изминативе години функционира Шелтер центар формиран од граѓанска организација во соработка со институции и деловениот сектор. Таму ова година престојувале околу 30 жени
Согласно инстамбулската конвенција на која потписник е и државата, мора да се отвора по еден Шелтер центар за жртви на семејни насилство во секој реон со минимум 50 илјади жители