• Sat. Nov 23rd, 2024

Шефот на Светската здравствена организација: Светот се соочува со сериозни предизвици

Светот се соочува со сериозни предизвици, вклучително и со Ковид-19, војната во Украина и мајмунските сипаници, рече шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, за време на говорот во Женева.

Експерти од здравствената агенција на Обединетите нации се состанаа во еден швајцарски град за да разговараат за појавата на мајмунските сипаници во 15 земји надвор од Африка, објави Би-би-си.

Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и во Израел, но ризикот за општата популација е низок.

Сипаници – вирусот, кој најчесто се забележува во оддалечените делови на Централна и Западна Африка – не се пренесува толку лесно меѓу луѓето и текот на болеста е генерално благ.

Повеќето луѓе што се разболуваат од вирусот закрепнуваат за неколку недели, објави британската служба за јавно здравје.

Жешките точки што избувнуваат во западноевропските земји ги изненадија научниците, а британските здравствени власти издадоа нов совет велејќи дека контактите со висок ризик треба да се изолираат три недели.

Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица.

Во меѓувреме, се очекува денеска да има уште нови потврдени случаи во Британија, јави Би-би-си, пишува „Гардијан“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *