• Fri. Nov 22nd, 2024

Седница на Советот за безбедност

 Во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *