• Thu. Nov 21st, 2024

Се зголемува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 7,084 %, кај дизелот 4,546 %, кај екстра-лесното масло 4,351 % и кај мазутот 5,491 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,777 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2,50 денара/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,355 денар/кг и сега ќе изнесува 40,814 денари/кг. Од 21.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 83,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 40,814 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *