• Fri. Nov 22nd, 2024

Се зголемува цената на бензините

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *