• Fri. Nov 22nd, 2024

Се затвора старата депонија во Гевгелија

Се затвора старата депонија во Гевгелија.  Со тоа ќе се надминат многу еколошки проблеми што со децении ги создаваше постоењето на депонијата кај Сува Река. Оваа депонија се сметаше за рак рана на градот поради честите палења и загадувањето што го предизвикуваше при чадење, но и самото постоење на отвореното ѓубрилиште.

Со проектот за ревитализација на оваа депонија изграден е уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува Река, комуналниот отпад на оваа дива депонија беше покриен со заштитна прекривка- геотекстил, врз која има тампон од песок и земја. По ова, по целата површина од депонијата ќе биде засадена трева и местото ќе биде хортикултурно уредено и претворено во зелена површина.

По затворањето на дивата депонија, целиот комунален отпад во наредниот период ќе се депонира на Новата времена депонија кај Ново Конско.

Депонијата почна да се затвора летото 2021 година.  По објавениот јавен повик за затворање на депонијата кај Сува Река, како најповолна беше избрана понудата на фирмата BUILDING DEVELOPMENT HOLDING LTD Sofija Bugarija.

Целиот проект се реализираше со доделениот грчки грант, односно, неискористените 420.000 евра доделени од Грчката влада, за изградба на прочистителната станица кај Сува Река, согласно потпишаниот трилатерален договор меѓу Швајцарската, Грчката и Македонската влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *