• Fri. Nov 22nd, 2024

Се враќа евтината тарифа на струјата

Повторно се враќа евтината тарифа на струјата, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

„Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот“, рече Бислимоски.

Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно приспособување.

„Евтината струја нема да стапи во сила во ист момент за сите поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секого да пристапат физички“, објасни Бислимоски.

Конечната одлука Регулаторната ќе ја донесе во следните 15 дена.