• Thu. Nov 21st, 2024

Се укинуваат сите ковид-мерки, во аптека и во автобус без маска

Комисијата за заразни болести ќе препорача укинување и на последните четири задолжителни мерки воведени за заштита од Ковид-19. Укинувањето е по седницата на Светската здравствена организација, но и поради намалувањето на бројот на новозаразени од коронавирус на 66 лица неделно.

Иако нема да биде задолжителна, маската во болница ќе остане како препорака.

„Ковид-19 ќе продолжи да се третира како вообичаена болест. Четирите мерки што предлагаме да се укинат се задолжителното носење маски во болници, во јавниот превоз, во аптеките и во домовите за стари лица и за лица со посебни потреби“, вели Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Покрај носењето маски во болниците, кои сега не се задолжителни, но се препорачуваат како мерка за заштита, која во пандемијата се покажала како ефикасна, како препорака останува и вакцината за заштита од Ковид-19, особено за повозрасните лица.

На денешниот состанок Комисијата расправала и за тоа дали има потреба извештаите за коронавирусот да се прават на неделно ниво и за коронавирусот да се известува како за сите други респираторни болести – еднаш месечно.