Почнаа активностите за градење на новиот Дом на култура во Куклиш. Компанијата Пешо инженеринг го доби тендерот вреден 7 милиони денари за изведба на првата фаза од проектот, рушење и градење до карабина.
Куклишани велат дека овој период од речиси една деценија морале да се снаоѓаат со простор за активностите на различни здруженија и организации. Домот на културата им е потребен за организирање на кутлурно-општествениот живот.
Домот на културата во Куклиш изгоре во пожар во 2014 година.