Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидро-електрични централи во Националниот парк Шар планина, одлучи владата на денешната седница.
Владата ја усвои информацијата за договорите за концесија на малите хидро-централи во строго заштитени зони, и на управување на Националниот парк Шар планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на договорите за концесија за користење вода за производство на струја. Опфатени се шест мали хидро-електрични централи во строго заштитено подрачје, кои нема да се реализираат. Со спогодбено раскинување на договорите за концесија, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите, и трошоците на име на концесијата. Покрај ова, доставен е предлог за спогодбено раскинување на договорот за концесија за уште една хидро-централа лоцирана на Шар планина, во зоната на одржливо користење, при што на концесионерот ќе му се врати уплатениот концесиски надоместок.