• Fri. Nov 22nd, 2024

Се продава ли Еуромакс?

Дали се продава компанијата Еуромакс Рисорсис, на која Владата и ги одзедеконцесиите за експлоатација на руда од рудникот Иловица-Штука? Активистите против отворање на рудници во Југоистокот велат дека со месеци кружат информации дека има преговори за продажба на Еуромакс на македонска компанија.

Активистите велат дека за нив рудникот е завршена работа и будно ќе следат дали македонски компании ќе ја купат Еуромакс Рисорсис. За нив е симптоматично купување компанија која нема никаква дејност во моментов.

До Еуромакс Рисорсис вчера испративме прашање дали преговараат за продажба на компанијата. Најпрво рекоа дека ќе испратат одговор, а подоцна дека директорот за комуникации на Еуромакс е на пат и не можат да одговорат.

Извори од Еколог пак, неофицијално велат дека компанијата нема намера да ја купува Еуромакс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *