Струмичкиот плоштад „Гоце делчев“ ќе го добие новогодишно-божиќниот изглед. Почна местењето на металната конструкција на која ќе се постави елката. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека тендерот го добила компанијата Планиметрика и таа за сума од 400 000 денари треба да го накити центарот на градот.
Освен елка, божиќниот амбиент ќе го надополни и базарот кој повторно ќе се отвори во овој претпразничен период и ќе понуди забава за струмичани.
Фотографијата од почетокот на украсувањето е на фотографот Сречко Гунчев.