Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера направи увид во градежните активности на улицата во т.н Ничевска маала во с. Василево, каде продолжуваат активностите со поставување на атмосферска канализација.
Ова е всушност дел од улицата која води од црквата Пресвета Богордица до ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево, чија вкупна должина изнесува 720 метри, а Буџетот за нејзина реализација е околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди од Владата на РСМакедонија, преку Бирото за регионален развој и околу 4,5 милиони од сопствени извори на приходи.
Дел од оваа улица, пред нешто повеќе од месец дена е комплетно завршен, односно е асфалтиран.
Изведувач е градежната компанија Евроградба Инженеринг.