• Thu. Nov 21st, 2024

Се подготвува нов закон за учебници

Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците, како и подобрување на процесот на откуп и одобрување учебници во основното и средното образование, Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов закон за учебници за основното и средното образование.

Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски решенија, МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса kabinet@mon.gov.mk, најдоцна до 28.2.2023 година.

Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена по што, откога ќе биде креирана нацрт-верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *