• Fri. Nov 22nd, 2024

Владата размислува годинава да го задржи летното сметање на времето

Со цел заштеда на електрична енергија владата размислува годинава да го задржи летното сметање на времето.

Доколку биде донесена таква одлука тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но денот ќе трае подолго.

Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, а дури 83 отсто од жителите на Европската унија тогаш се изјаснија дека поддржуваат укинување на досегашниот начин на сметање.

Но поради пандемијата од корона вирусот како и бирократијата оваа идеја се уште не се спроведува во пракса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *