Попладнево се одржаа традиционалните Ноќни крос трки низ улиците на Струмица. Овие трки ги организира Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, по повод празникот “11-ти Октомври“. Покровител на трките е Градоначалникот и Советот на општина Струмица.
На трките учествуваат основните и средните училишта од струмичкиот регион. Инаку, оваа е традиционална манифестација која е во Програмата на Општина Струмица за прослава на празникот “11-ти Октомври 2022“.
Најуспешните тркачи добија дипломи и медали.