Денеска е Меѓународен ден против насилството врз жените во спомен на трите сестри Мирабел од Доминиканската Република. Во 1960 година, диктаторот Рафаел Трухиљо наредил да бидат погубени поради нивните револуционерни активности и борба за демократија и правда. Сестрите Мирабел станаа симбол на националниот и феминистичкиот отпор, а во 1999 година Генералното собрание на Обединетите нации официјално го прогласи денот на нивното погубување како Меѓународен ден против насилството врз жените.
На 25 ноември Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и девојчињата, официјалната статистика за насилството врз жените во земјава за минатата година е поразителна.
Од 1535 регистрирани случаи, 1138 се жени жртви на насилство, 7% од жените се демнети, секоја петта жена преживеала некаков вид на родово-базирано насилство.
7 од 10 жени претрпеле сексуално вознемирување на јавен простор и сексуално вознемирување преку Интернет.
Во однос на фемицидите според нашата студија 60% од убиените жени се жртви на сегашен или поранешен интимен партнер.
Ако си жртва на насилство побарај помош во Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство: