• Fri. Nov 22nd, 2024

Се навршуваат три години од исчезнувањето на Марија Брзакова

На 18 јануари ќе се навршат три години од мистериозното исчезнување на тогаш 28 годишната Марија Брзакова од Босилово. Младата мајка која со години живеела во Швајцарија заедно со сопругот и тригодишната ќерка, преку ноќ исчезна од својот дом каде престојувала со семејството.

Според пријавеното, на 18 јануари во раните утрински часови, облечена во темни тренерки и патики или влечки, без телефон или друг личен документ, тогаш 28-годшната жена го напуштила семејниот дом во струмичко Босилово. Таа има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба. Специјалните полициски единици со денови трагаа по Марија, го пребаруваа целиот регион, следејќи го течението на реките до бугарската граница со кучиња трагачи, но, од младата жена немаше никаква трага.

Во следниот период истражните органи ги прегледаа сите камери во центарот на селото, ги испрашуваа блиските, но не наидоа на конкретна трага и одговор, што се случило со Марија Брзакова.

Во телефонски разговор за Тв ВИС, непосредно по исчезнувањето, мајката на Марија потврди дека ќерка и била во бремена и според неа, никогаш не би го напуштила семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *