Се намалуваат површините под пластеници во струмичко
Трговците стравуваат дали ќе можат да одговорат на предвидените договори за извоз на зеленчук од струмичко, бидејки нивните теренски информации говорат дека се намалени површините на зеленчук под пластеници.
Иако сеуште е старт на поризводствената сезона велат дека ќе се обидат да ги задржат стандардните пазари иако се повеќе конкуентен станува зеленчукот од Албанија. Блажо Витанов вели дека само кај пролетната зелка има намалување на површините за 10 до 15 одсто.
Заради немањето сигурен откуп и цени кои ги покриваат производствените трошоци во струмичко од година во година се намалуваат површините под ран зеленчук.
Со земјоделство во овој регион остана да се занимава повозрасната генерација вели Џоко Пандев земјоделец од Банско кој вели дека ова ќе му биде последна година со одлгедување зеленчук.
Последниве години во струмичко раст бележи производството на градинарски култури посебно на црвената пиперка и корнишоните за кои се склучуваат договори уште сега и постои интерес како од пазарите така и од преработувачките капацитети.