Центарот Новус од Струмица почна со процесот за изготвување на Стратегија за млади за периодот 2023-2027. Станува збор за значаен документ со кој ќе се детектираат потребите на младите од општина Струмица независно дали станува збор за млади од грдот или населените места. Како што потенцираше Ана Клесова од Новус ова стратегија ќе биде основа за креирање на одреднеи младински политики кои ќе се најдат и пред советниците
Првиот човек на Струмица Костадин Kостадинов кажа дека со ова стратегија и младинскиот центар што ќе се отвори, се испраќа силен сигнал до малдите дека треба да бидат партиципативни во креирањето на одлуките на локлано ниво
Стратегијата се очекува да биде готова до крајот на годинава по што ќе следаат инкорпорирање на потребите во годишните програми на општина Струмица се со цел да младите бидат значаен сегмент во општествениот живот